Мајли Сајрус остана речиси гола на сцената кога се скина единствениот појас кој и ги чуваше градите покриени.
Кога се сврте на сцената, тенкото ременче на нејзиниот сребрен фустан се скина, а Мајли Сајрус во истиот момент го фати предниот дел од фустанот со рацете за да не ги открие целосно голите гради.
Тоа го направи на многу професионален начин, па воопшто не престана да пее додека одеше кон бекстејџот држејќи ги градите со едната рака.
Нејзиниот бенд и придружните пејачи дадоа се од себе за да продолжат да ја забавуваат публиката додека Мајли се пресоблекуваше. Кога се вратила на сцената носеше розова јакна.
Подоцна таа на шега ги испеа стиховите од песната „Сега сите дефинитивно ме гледаат“.
Блејзерот што го носеше не беше ништо помалку отворен од сребрена маичка, бидејќи и под него немаше ништо. Доволно беше едно непромислено движење и сите да ги видат градите на Мајли.
По настапот на младата пејачка, на сцената излезе Пит Дејвидсон, кој пред да почне да настапува додаде:
„Слушнав дека за малку ќе ги видовме градите, па во знак на солидарност еве ги моите“, а потоа ја крена белата маица и ги покажа своите.