Шпанската полиција прекинала секс-забава на имот во близина на Барселона откако двајца гости кои биле поканети затропале на погрешна врата. Шпанската полиција соопшти дека 50 гости ги прекршиле ковид мерките со тоа што се појавиле на имотот на кој се случувала забавата.
Полицијата ја алармирал сосед кај кога по грешка се обиделе да влезат две лица кој мислеле дека тоа е адресата за забавата.
Наводно, оргиите ги организирале Американци кој ангажирал 50-тина проститутки за новогодишната ноќ. Според шпанските медиуми, гостите биле од 50 до 70 години.
Инаку, според новите ковид мерки во Каталонија дозволено е групирање до 10 лица, а има воведено и полицијски час од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро.