Синди Крафорд и на 55 години изгледа неверојатно.
Неодамна папарацо фотографите ја „уловиле“ на одмор во летувалиштето Кабо Сан Лукас, а ова е ретка прилика Синди да ја видиме во бикини на некои спонтани фотографии.
Синди уживала на хотелскиот базен во коктелите, во црно минијатурно бикини покажувајќи го затегнатиот стомак и извајаните нозе, но и витката фигура на тело.
Исто така, некогашниот супермодел еден од најдобрите во историјата, опуштено и со самодоверба шетала без грам шминка, и без оглед на тоа изгледала прекрасно и во состав со своите години.
„Се трудам да имам 20 минути кардио тренинг најмалку три пати неделно, а потоа уште 30 минути имам активен тренинг. Тоа се прости работи кои ги научив пред 30-та година“, открила Синди своевремено.
Кога станува збор за негата на лице, Крафорд тврди дека клучот во тоа е да ја приспособи шминката која ја користи во нејзините години и да знае дека препаративната козметика е поважна од декоративната и фокусот треба да биде на негата на кожа.
„Мислам дека најважно е да се грижите за своето тело и ум, вашите односи и да имате пријателки со кои ќе може да се смеете и да разговарате“, прокоментирала оваа убавица.