Данскиот државјанин Сулејман Имамовиќ (58), кој навредувал и се заканувал поради вонредното слетување на авионот на белградскиот аеродром Никола Тесла, според Законот за прекршоци добил 24-часoвен притвор.
Граничната полиција на аеродромот „Никола Тесла“ го привела осомничениот, а го информирале и дежурниот обвинител кој изјавил дека нема елементи на кривично дело и дека против лицето треба да биде поднесена прекршочна пријава.
Авионот на унгарска авиокомпанија, кој синоќа околу полноќ летал на релација Билунд-Тузла, принудно слетал на аеродромот Никола Тесла поради лошите временски услови во Тузла.
Во истиот лет во авионот имало вербална навреда и закана од државјанинот на Данска, Сулејман Имамовиќ.
– Да ви еб*м српска мајка, да ви еб*м матер во уста српска, да ви еб*м матер што ме носите во Србија, ќе го урнам авионот, ќе се убијам себе и жената“, викал Имамовиќ, очигледно незадоволен што слетале во Србија.