Д-Р ДАНИЛОВСКИ: Вирусот е во паника, за очекување е до 6 месеци да се сведе на „питомо маче“

by Тони Зографски

Епидемиологот д-р Драган Даниловски вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме околу новиот сој на ковид-19.

Според него, вирусот е во „паника“, а не важела веќе ни вакцината, односно сите ќе го поминеме.

Со оглед на тоа колкава популација сме, за очекување е дека за најмногу од 6 месеци тој ќе се сведе на „питомо маче“. Ноктите ќе му се истапат и тој ќе битисува овде меѓу нас како ендемски вид, смета Даниловски.

Исто така тој вели дека веќе не треба толку да се „есапат“ бројот на заразените лица и секој ден да „бомбардираат“ колку случаи има.

„Понатаму треба маркери за состојбата да ни бидат бројот на хоспитализации и смртни случаи. Значи само тие да се бројат, само тие да се соопштуваат“, додава Даниловски.

останати вести