Микробиологот Никола Пановски синоќа гостуваше во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме околу тоа дали 2022 година ќе ја започнеме со „цунами“ на омикрон.
Тој истакна дека во Македонија има неверојатен процент на починати.
-Мене ме интересира што кај нас на 300, имаме 15 починати лица што е неверојатен, нечуен процент. Треба да се види што е, дали не ги фаќаме позитивните, затоа што во овие земји што ги кажувате смртноста е 0,1% и пред омикрон и сега, вели Пановски.
Микробилогот додава и дека ваквиот регион е специфичен кога се работи за наука и вакцини.
-Филмот „Исцелител“ е вистинска приказна. Луѓето многу повеќе веруваат во бајачки отколку во лекари. Таков е Балканот, се верува во такви луѓе дека ќе помогнат, оцени д-р Пановски.