ЈА ЗАПРОСИ ВО КОЛУМБИЈА: Уште еден странски спортист стана македонски зет (ФОТО)

by Тони Зографски

Уште еден спортист кој дојде во Македонија како пропатна станица во кариерата стана македонски зет и ја најде љубовта во нашата земја, објавува Гол.мк.

Колумбиецот Себастијан Херера кој е поранешен член на Работнички, а сега игра за унгарски МТК, ја побара раката на девојката Елена која е од Македонија.

Запросувањето се случи на луксузното туристичко место Гуатапе во Колумбија.

Двајцата се запознаа додека тој играше во нашата земја и беа во врска, а сега влегоа и во брачните води. Пред извесен период тој доби и македонски пасош. Херера беше во Македонија од 2015 до 2020 година.

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com