На еден австралиски државјанин му е забрането да го напушта Израел 8.000 години бидејќи не може да ја плати целата сума на алиментација. Од тие причини, Австралиецот Ноам Хуперт или ќе треба да издвои 3,34 милиони долари или доколку не го стори тоа, дозволата да ја напушти оваа земја ќе добие дури на 31 декември 9999 година.
Споменатата судска одлука е на сила од 2013 година, но Хуперт неодамна јавно проговори за тоа.
Тој е австралиски државјанин кој бил оженет со Израелка и кој работел во таа земја.
Израелските закони во врска со разводот и издршката на децата се многу строги и заштитнички настроени кон мајките, што во суштина е нормално, доколку е реално и изводливо.
Тие им дозволуваат на адвокатите за развод да се жалат на членовите поврзани со забраната за напуштање на земјата, со што ја спречуваат другата страна да патува пред да ги подмири тековните и идните долгови кон децата.
Во споменатиот случај Австралиецот треба да ја плати целата алиментација за своите деца која е должен да ја плаќа до нивното полнолетство, а очигледно нема толку пари.
Инаку, Хуперт е само еден од неколкуте Австралијци кои се „заклучени“ во Израел. И не само Австралијците, ова им се случува и на другите странци, а често и на Израелците.
Американскиот Стејт департмент издаде предупредување до своите граѓани дека израелските судови често пропишуваат такви „казни“ за нерезиденти, додавајќи дека САД немаат овластување да интервенираат во такви случаи.
Со други зборови, им рекол дека се сами во тоа.