Славната плус сајз манекенка Ешли Греам ужива во последните недели од бременоста, а своите фанови на Инстаграм ги почестила со фотографии на кои позира целосно гола. На трудничкото стомаче со црна боја се нацртани две бебиња, кои ги претставуваат двете момчиња со оглед на тоа дека Ешли овој пат очекува близнаци.
Многумина ја пофалиле манекенката бидејќи храбро го покажува своето тело, но имало и такви на кои не им се допаднало ова.
“Дај облечи нешто на себе”, “Ова е одвратно”, “Ова е болна фотографија”, “Мислам дека и без голите фотографии можеш да уживаш во бременоста”, биле дел од коментарите.