Џим Бејс (66) од Тексас решил на необичен начин да се обиде да ја пронајде љубовта на својот живот. Наместо да отвори профил на Тиндер и слични апликации, Џим смислил друго решение – огласот го објавил на билборд.
Билбордот беше објавен во ноември и прикажува фотографија од Бејс, облечен во карирана кошула и каубојска капа.
Се бара: добра жена, 50-55 години, за разговори, прошетки и меѓусебна нежности“, пишува покрај фотографијата.
Двапати разведен со пет деца, Бејс за порталот „Аустонија“ изјави дека ги испробал апликациите за запознавање, но дека тие не ја прикажуваат точно личноста на другата страна и дека е тешко да се договорат состаноци со потенцијалните партнери.
„Мило ми е што го објавив огласот на билбордот. Размислувам за мојата фотографија таму, знаејќи дека ќе добијам цела серија телефонски повици“, рече тој.
Досега Бејс отишол на четири-пет состаноци благодарение на билборд, но сепак ја бара жената од соништата.