Славниот фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга, модната дизајнерка Викторија преку Инстаграм им го честитаа Божиќ на своите следбеници, а еден детаљ им паднал во очи на многу обожаватели на славната двојка.
Фотографијата за кратко време собра повеќе од милион „допаѓања“, но, иако на почетокот фотографијата на сите им изгледа совршено, следбениците со „око соколово“ забележале и нешто што насмеа многумина.
Имено, поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед за да изгледа повисок, стои на прсти.
Па, потоа, се разбира, се „запалија“ и твитерџиите. Тие ги зумираа нозете на славниот фудбалер и ја открија неговата мала тајна.
„Одлична фотографија, особено господин Бекам како стои на врвот на прстите“, „Дали уште некој забележал дека Дејвид стои на прстите за да биде повисок?“, „Дејвид Бекам стои на прстите за да биде повисок од неговиот син Ромео е нешто најдоброто ќе го видите денес“, се некои од многуте коментари на објавата.