Цела Аргентин зборува за херојскиот подвиг на Фернандо Таул од тамошната провинција Сантијаго дел Естеро.
Девојчето си играло со својата сестра на улица во близина на мајката која го држела бебето и во таа прилика истрчала без да гледа да види дали возилото оди.
Фернандо најверојатно рефлексивно реагирал, се фрлил и во последен момент го спасил детето од сигурна смрт.
– Во тој момент не ни помислив колку е опасно. Моето семејство е гордо на она што го направив. Девојката се исплаши, како и јас, а возачот застана да види како сме. Мајката на детето се извини и ми се заблагодари за тоа што го направив – изјавил Фернандо за еден локален весник, пренесува Тодо Нотицијас.