Новиот филм на Никол Кидман, Being the Ricardos, се појави на малите екрани пред празниците и беше можност за 54-годишната актерка да ја добие насловната страница на зимското издание на магазинот DuJour.
Покрај интервјуто, направи и неколку фотографии и ги почести фановите на Инстаграм. Сите веднаш ја забележаа нејзината фантастична фигура, а луѓето посебно ги погодија нејзините извајани стомачни мускули.
„Во Америка е зима, а во Австралија лето. И официјално сум девојка на две хемисфери“, напишала Кидман, заблагодарувајќи му се на магазинот.
Доколку се прашувате на што оваа дива го должи својот изглед, одговорот е – кардио тренинг.
„Трчам, возам велосипед, вежбам јога, се што можам и каде можам. Различноста е најдоброто нешто што сум го открила. Ако замислите да станувате и да трчате неколку милји секое утро и така натаму до крајот на животот, вие треба да знаете дека веројатно ви е досадно и дека ќе го исклучите алармот по една недела“, изјави таа за „Лос Анџелес Тајмс“.
„Затоа се обидувам да измешам сè што знам, трчање, јога, дури и одење со сопругот, а исто така сакам да возам стационарен велосипед“, додаде таа.
Кидман сака и јавање, а кога е исхраната во прашање, го следи пристапот 80-20. Со други зборови, 80 проценти од времето внимателно ја планира исхраната и се труди да јаде само хранливи и здрави оброци, а 20 проценти од времето ужива во она што го сака.