До темел изгоре куќа во Кисела Вода (ФОТО)

by Тони Зографски

До темел изгоре куќата на семејството Атанасовски во скопска Кисела Вода. Информацијата доцна синоќа ја објави градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски.  Тој веднаш појде на местото на настанот и заедно со отецот Оливер се сретнаа со Тони Атанасовски, кој во пожарот го загуби својот дом.

“Траорна ситуација, тажна и далеку потресна. Во наредниот период сите хумани сили ги насочуваме кон негова помош. Повторно да изградиме дом за Тони. Ја разбирам неговата болка и затоа започнуваме заедничка иницијатива со отец Оливер, a воедно ги повикуваме и сите општествено одговорни компании и фирми од Кисела Вода да се вклучат и да помогнат, за да овој наш сограѓанин не ја почувствува празнината за овие празници, туку да му помогнеме и да го направиме среќен. Вечерва не го оставивме под отворено небо и веднаш го сместивме на топло. Моите граѓани во Кисела Вода се мое семејство и мораме да си помогнеме! Домот е столб на хармонија и среќа, така да ќе го изградиме повторно – напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

останати вести