Овен
Околината ќе ви биде наклонета, но вие имате премногу животно искуство за да се отворите пред неа. На некои работи ќе гледате со недоверба. Можни се излегувања во друштво и популарност во кругот на вашите познати. Ако сте во врска потврда за својата верност и верноста на партнерот ќе барате во сексот и ќе ви биде потреба повеќе нежност од обично. Здравје: просечно- внимавајте во сообраќајот.
Бик
Поголем дел енергија ќе ви донесе работата. Можеби ќе влезете во некоја нова работа или нова работна средина. Ќе ви биде овозможено да користите било каква погодност туѓи пари, кредит и сл. Бидете штедливи и не влегувајте во нелегални комбинации. Почитувајте ги претпоставените и не влегувајте во непотребни расправии. Здравје: чувствително размислете за начинот на прехрана.
Близнаци
Некои нови прилики во семејниот живот како и можноста за купување недвижнини, градење, премногу ќе делуваат врз вас. Ќе промените нешто во вашиот секојдневен живот, па сето тоа заедно ќе ви создава стресна ситуација. Во љубовта можеби малку ќе се оддалечите од партнерот или ќе се исплашите да не бидете повредени. Слободните многу ќе внимаваат да не се изгорат. Здравје: солидно.
Рак
Слободните ќе уживаат во моменталниот стил на живеење – многу средби, разговори, новини, озборувања. Можно е многу успешно кратко патување. Во сериозните врски доаѓа до заладување или затегнување на односите. Заборавете накратко на обврските и бидете пак млади и вљубени. Многу ќе бидете приврзани кон родителите и роднините. Здраствената состојба ви е одлична.
Лав
Сакате сигурна и исплатлива работа без ризик. Многу сте заинтересирани за пари и ќе ве интересира кој колку троши, и колку може да се заработи. Постои можност да склопување многу исплатливи договори. Ако сте ученик или невработни ќе посакувате повеќе самостојност во однос на другите. Емотивно сте нестабилни и со задоволство би се впуштиле во авантура.
Девица
Со некои финансиски акции ќе се обидте да ги решите зголемените семејни или стамбени проблеми. Во љубовта сепак многу малку може да се купи со пари. Потсетувањето на реалниот живот и тешкотиите на другите ќе ви помогне да ги ставите работите во подобра перспектива. Намалете ја љубомората и не ги малтретирајте другите непотребно. Најмногу ќе ви одговараат флертови и излегување во друштво. Здравје: добро.
Вага
Во љубовните односи треба да бидете внимателни и со резерва. Вие го сакате најдоброто, но некој не ве цени доволно. Со вашето однесување ќе се обидете да ја докажете сопствената верност, но сеуште со задоволство се жртувате за другите и заборавате на себе. Друштвени сте, но емоциите ги држите под клуч, и најважното ќе се случува далеку од очите на јавноста. Здравје: многу добро.
Скорпија
Може да ви се случи ненамерно да скршите нечие срце. Нема да бидете премногу сентиментални и немате време за нежност, но располагате со нова сексуална привлечност и сила. Привидно зафатени со „важни работи“, чуствувате немир па потајно се надевате и фантазирате. Понекогаш силата е во признавањето на човечките слабости. Пријателската љубов ќе ви го исполни денот.
Стрелец
Само оние кои добро ве познаваат можат со вас да излезат на крај. Полни со планови, но помалку во грижа од желба да успеете истовремено ќе бидете ранливи и чувствителни на забелешките од другите. Интензивно ќе се дружите со партнерот, но постои можност од мало разочарување. Сериозните врски се во криза, бидејќи прилично сте затворени и љубоморни. Слободните претставници би можеле да се заљубат во недостапна или забранета личност.
Јарец
Ве очекуваат нови возбудувања можеби поврзани со некакво патување. Контактите со странство ви се позитивни. Ќе се двоумите околу покажувањата на чувствата и минатите искуства ви ги нарушуваат сегашните прилики. Во сериозните врски бидете помалку себични и прифатете ја партнеровата иницијатива за нови искуства и експеримент.
Водолија
Во целост ќе се опуштите и ќе заборавите на вашите основни обврски. Со вашето однесување давате впечаток на личност, која е целосно незаинтересирана за се околу себе. Морате да признаете дека сте претерале. Почнете да се подготувувате за секојдневието, зошто вашите пријатели и соработници наскоро нема да имаат доволно трпение и разбирање за сите постапки и однесувања. Здравје: нервоза.
Риби
Некоја многу важна случка ќе поткрене коренити промени во вашиот однос спрема некоја личност. Ќе отворите некои ненапишани поглавја, некои ќе доживеат нова љубов, а други пак ќе се решат за родитлество или зајакнување на постојната врска и сл. Некој можеби ќе стане траен извор на вашата среќа. Потикнати ќе бидат и сите облици на воздржување, заеднички живот и работа која ќе ја збогати вашата приватна и јавна сфера. Пронајдете хармонија.