На социјалните мрежи се појавија фотографии, прикажувајќи го пејачот Џибони, кој на божиќната забава на порталот Журнал во Загреб, понесен, пее и се движи на долга маса полна со храна.
Имено,Џибони во еден момент слегол од бината меѓу гостите и се качил на масата. Фотографиите на социјалните мрежи го покажуваат Џибони како гази меѓу чиниите со храна и се шета околу цвеќињата и свеќите кои се поставени на масите.
Потегот на сплитскиот музичар ги налути присутните и тие имаа поплаки на социјалните мрежи.
„Не знам што е потажно, тимот што му аплаудира, го поддржува и снима додека гази храна или тој што сам го прави тоа“, напиша Тиа Мамиќ на објавената фотографија.
„Буквално мочање по луѓето кои немаат храна сега пред Божиќ“, нaпиша еден корисник на социјланите мрежи. „Несоодветно во овој момент додека некои размислуваат дали ќе имаат што да јадат на Божиќ“, се согласи друг.
Некои видеа кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат дека Џибони не успеал да ја избегне целата храна шетајќи околу масата, па во еден момент згазнал на куглоф.
Џибони во изјава за индекс.хр се правдал дека го понела еуфоријата.
“ Се извинувам, виновен сум. Не сум таков тип, не сум така воспитан. Едноставно ме понесе еуфоријата. Во 30 години кариера сум паѓал и пропаѓал во бина, но ова досега ми се нема случено“, изјавил сплитскиот пејач.