ЕКСПЛОЗИЈА ГИ РАЗБУДИ ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР: Пожар избувна во бараките на ЈП Улици и патиштата

by Тони Зографски

Околу 2 часот по полноќ, пожар и силни експлозии ги разбудија граѓаните на Центар кои живеат во близина на ТЦ Буњаковец.

Според првичните информации, станува збор за пожар кој избувнал во просториите на ЈП Улици и патишта кои се наоѓаат позади овој трговски центар а експлозиите најверојатно настанале поради струен контакт.

Засега нема информации за причинетата материјална штета.

Инаку, за неполни два месеци ова е втор пожар во државна институција откако на 26 октомври изгореа бараките на поранешниот Суд за прекршоци во Градскиот парк.

останати вести