Сплитските ресторани „Olive Tree“ и „Roof 66 / Fetish, Food & Meu“ нудат суши кои се служи врз голи девојки. На нивното мени оваа услуга е напишана како „уметничка изведба на украсување и јадење суши од тело“.
Цената за оваа услуга не е за сечиј џеб. За ваков оброк во два ресторани во Сплит ќе треба да платите од 120 до 170 евра) по лице, а цената зависи од времето на посета на овој ресторан.
И двата ресторани се во сопственост на иста компанија, а се наоѓаат на два краја на брегот на Сплит. Во согласност со расположението и вкусот на моќната клиентела, оваа егзотична сеанса може да се одржи „на спектакуларна живописна локација во срцето на Сплит со поглед на пристаништето во Сплит и Рива, палатата Диоклецијан и Марјан“ или „во бастионот Бернарди во визуелно стилизиран простор кој создава опуштена атмосфера со неочекувани елементи кои поттикнуваат интеракција“.
„Olive Tree“ беше отворен во 2016 година, а тогаш на социјалните мрежи се појави оглас за ваков вид на работа.
“Се лежи два пати по еден час додека гостите ја собираат храната, па се оди во остава, додека се подготвува втората тура. Не морате да бидете целосно голи/интимните делови можат да бидат покриени со налепници и ливчиња. Условот е, се разбира, исклучително згодна хостеса. Надоместокот за тричасовен настап е 200 евра, платен пат и сместување“, се вели во огласот.