Драган Џаиќ и Ана Ивановиќ се посватија

by Тони Зографски

Фудбалската легенда Драган Џаиќ и прославената српска тенисерка Ана Ивановиќ се посватија. Имено, ќерката на Драган, Драгана (27) се вери со братот на Ана, Милош.

“ Милош и Драгана се веќе неколку месеци во врска, а тој пред неколку дена и купи и прекрасен дијамантски прстен со кој ја запроси убавата ќерка на Драган. Веридбата е прославена во интимна атмосфера. Што се однесува до датумот на венчавката, тој сеуште не е одреден, едиствено е сигурно дека ќе биде следната година“ –  изјави извор близок до семејството Џаиќ за ТВ Пинк.

Инаку, Драгана и Милош ги споило тоа што и двајцата биле многу амбициозни и вредни и не сакале да се потпираат на она што го зароботили нивните семејства.

Драган Џаиќ има уште една ќерка, Сања, додека Ана Ивановиќ е мажена со германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер кој сега настапува во Чикаго. Тие го имаат деветмесечниот Лука.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com