Бред Пит наполни 58 години и изгледа подобро од било кога. За прославата на својот роденден се одлучи тоа да е „тивок“ настан, без „посебни планови“ имајќи ја превид пандемијата на Ковид.
“ Немаше голема забава оваа година. Та беше само еден обичен ден“, изјави извор близок за него.
Бред иако не го прослави својот роденден оваа година, но направи забава по повод повторното отворање на своето култно студио Миравал, со францускиот продуцент Демиен Квинтар во Шато Миравал во 2022 година, што изгледаше како градилиште додека студиото се реновира. Иако студиото, кое беше изградено во 1977 година и беше домаќин на музичари, беше искористено до почетокот на 2000-тите, остана неискористено две децении и сега е подготвено да се врати.
Но, претстојната година се чини за Бред Пит сепак ќе биде посветена на личните и семејни битки.
Актерот од „Fight Club“ оваа година заврши со снимањето на два филма – „Изгубениот град“ и „Bullet Train“. Но, Пит е вклучен и во битка за старателство уште од 2016 година со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли за нивните деца, кои дел се’ уште се малолетни. Поранешниот пар ги дели Медокс (20), Пакс (18), Захара (16), Шајло (15) и близнаците Вивиен и Нокс (13).
„Ситуацијата со децата е сè уште тешка ситуација. Грдо е. Тоа е што е. Неговите деца му се најважни. Но, постојат процеси низ кои треба да помине“.