Јелена Розга дефинитивно има причина да биде среќна бидејќи конечно се оствари она што го чекала шест години! Поради соработката со регионалниот мајстор за балади, Саша Матиќ, оваа сплиќанка и се расплакала. Таа во ексклузивно интервју по долгиот медиумски молк проговорила за кариерата, семејството и болеста поради која остана без тироидна жлезда.
Кога Јелена Розга и Саша Матиќ ќе ги здружат силите и гласаат – хитот е загарантиран. Нивниот дует „Ти и јас“ за само 48. часа објавување – надмина милион прегледи на YouTube и со тоа убедливо го зазеде првото место по популарност!
„Морам да признаам дека плачев во првата секунда од слушањето на песната. Во таа секунда му реков на Саша: „Ова е нашата песна што ја чекаме седум години“. Прекрасно, допира до душата и срцето и сигурна сум дека ќе биде навистина голем хит“, изјави Јелена Розга.
„Ова е првпат да сум дома на Божиќ на оваа сцена овде, неколку метри лево од мене. Јас сум многу нервозна, а исто така едвај чекам да започнам. Едвај го чекам 25-ти да се качам на сцена и да запеам со моите сплиќани“, искрена била сплиќанката.
По 26 години кариера, оваа убава сплиќанка, како што вели, конечно научила да каже не за време на пандемијата. Нејзиното здравје ја принудило на тоа. Ексклузивно, само за „Ексклузив“ на РТЛ таа открила дека нејзиниот т.н Хашимото ја изел тироидната жлезда.
„Веќе не сум под голем стрес. Нема да избрзувам особено кога е работата во прашање. Повеќе се грижам за своето здравје, повеќе го ценам слободното време, знам да кажам не. Го научив и тоа. Морав поради моето здравје. Морав само затоа што имам проблеми со срцето и тироидната жлезда и повеќе не го кријам. Апсолутно веќе немам тироидна жлезда и сега реков: ‘Сега доста е, ајде и малку да уживаме’“, изјавила 44-годишната Јелена Розга.
И решила да каже доста на приказните за нејзиниот љубовен живот, за кои повеќе не сака да коментира. Таа открила и дека со оглед на тоа што похотникот кој ја демнел една година добил судска казна, таа спие помирно, но стравот и понатаму е присутен.
„Мислам дека долго ќе гледам зад грб и ќе ја вртам главата кога шетам и дење и навечер со моето кученце. Не е сеедно кога живееш сам“, признала таа.
Сама, но не буквално. Нејзиното кученце Ринго и прави друштво во последните 10 години.
„Фала богу што е здрав, среќен е, прекрасен е и разгален“, изјави Розга.