Мексиканската актерка и пејачка Тања Мендоза била убиена додека чекала да го земе својот единаесетгодишен син од фудбалската академија во градот Куернавака. Таа била пред спортскиот комплекс во градот Куернавака со другите родители кога во вторникот пристигнале двајца вооружени мажи со мотор.
Еден од нив ја застрелал неколку пати пред да побегне со соучесникот.
Според официјалните податоци, минатата година во Мексико секој ден биле убивани најмалку 10 жени.
Групата за човекови права на Амнести интернешенел соопшти дека околу една третина од жртвите, или 940 жени, умреле во фемицид или убиство со умисла, што организацијата го нарече шокантна епидемија.
Мендоза (42) се најде во центарот на вниманието во 2005 година, откако глумеше во фимот Ла Мера Рејна дел Сур.
Глумеше во многу сапунски опери, но во последните години се посвети на пеењето и сними пет албуми.
Таа, нејзиниот сопруг и потоа шестмесечен син беа киднапирани во 2010 година во нивната компанија за перење автомобили.
Оттогаш повеќепати и се заканувале со смрт, велат од Државното обвинителство.
Засега не се знае кој стои зад убиството на Мендоза, ниту е познат некој можен мотив.
По пукањето, полицијата тргнала во потрага по сторителите, но никој не бил уапсен.