“ОВА СЕ ДЕНОВИ НА РАДОСТ И СПОКОЈ“: Семејството Пендаровски со децата од ранливите категории ја накитија претседателската елка (ФОТО)

by Тони Зографски

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓеоргиевска ја накитија новогодишната елка во резиденцијата на Водно. Им помогнаа деца од ранливите категории од цела Македонија, но и децата на вработените во претседателскиот кабинет.

„Претпразнични дружби со китење на новогодишните елки во Кабинетот и доделување пакетчиња. Гости и помошници за украсување беа децата на вработените во Кабинетот и децата од дневниот центар во Тетово, ДСУРО ‘Наум Охридски’, СОС Детско Село, ‘Трисомија 21’, ЈУДГ ‘Детска радост.

Одлична можност за споделување заеднички мигови. Во пресрет на празниците да се потсетиме на потребата од заедништво, спокој и радост““, напиша претседателот и објави слики на Фејсбук.

останати вести