Италијанец кој со години добивал државна помош за слепило е уапсен оваа недела под сомнение дека извршил измама откако бил виден како вози, гледа во излози и вози скутер, објавија италијанските медиуми.
Еден човек од Палермо добил помош од најмалку 170.000 евра од 2008 година, откако тврдел дека е целосно слеп како последица на наследно нарушување.
Италијанската финансиска полиција била предупредена откако мажот ја обновил возачката дозвола во 2018 година, и покрај неговата изјава за слепило, објавија медиумите.
Властите утврдиле дека мажот возел, додека вртел број на телефонот, гледал во излозите додека шетал низ трговскиот центар и ја учел ќерка си да вози велосипед.
40-годишникот бил виден како вози скутер без осигурување, објави Палермо тудеј, додавајќи дека човекот го добил прекарот „Берлускони“, по поранешниот италијански премиер кој има историја на правни проблеми.
Италијанецот веќе им бил „познат“ на властите, затоа што минатата година првостепено беше осуден на речиси 15 години затвор како дел од групата која организирала лажни сообраќајни несреќи за да добие исплати за осигурување.
Случајот е во жалба.
И покрај тоа што поседувал гаража, човекот го добивал и таканаречениот „основен приход“ од Италија, месечен социјален додаток што им се дава на најсиромашните граѓани во земјата.