Отишла во маркет да пазари, па дома се вратила со новороден син

by Тони Зографски

Британката Кејти Ковел станала мајка за само десет минути, на место кое најмалку го очекувала.

Имено, таа била во 40-та недела од бременоста кога отишла на вообичаениот шопинг во продавница и не очекувала дека наместо со продукти ќе си оди дома со бебе.

– Беше февруари 2020 година и поминаа три дена од крајниот рок. Никогаш не сум се чувствувала толку непријатно – рекла Кети и додала дека имала очајна потреба да излезе и да се прошета.

Отишла во локалниот маркет и купувала продукти додека шетала меѓу полиците.

-Кога почувствував пецкање, не размислував на породување. Продолжив да одам. Но, тогаш одеднаш почувствував остра болка и паднав на подот. Контракциите беа силни и брзи. Врескав од агонија додека чистачката на супермаркет, Черис, трчаше кон мене да ми помогне.“

„Набрзо, персоналот од продавницата стави завеса околу мене за да ја заштити мојата приватност, а Черис беше покрај мене и повтори: „Можеш да го направиш тоа“ – вели Кети, а пренесува британски The Sun.

По 10 минути се породила и го добила момчето Себастијан. Таа била зачудена од тоа колку брзо и неочекувано се случило сè.

– И персоналот на медицинската брза помош бил зачуден кога само неколку моменти подоцна пристигнал и открил дека го пропуштиле целото породување. Ме однесоа во болница каде ме прегледаа мене и бебето и за среќа се` беше во ред. Вработените во продавницата беа неверојатни при породувањето, па дури ми испратија убава корпа полна со залихи за бебиња. Тоа беше прекрасен гест – изјавила мајката.

Најдобро од се, вели Кети, е што останала во контакт со Черис, чистачката која и` помогнала при породувањето. Таа побарала од жената да и` биде кума. Била со неа кога и` била најпотребна и брзо станале најдобри пријатели. Така Кејти ја замолила да му биде кума на малиот Себастијан.

– Черис беше почестена со таа улога и сега мојата спасителка од супермаркетот е голем дел од нашето семејство, како кума на Себастијан. Дури и првиот роденден на Себастијан го прославивме заедно во маркетот каде што е роден. И после толку време не ми се верува дека само отидов во продавница да земам некои основни работи и таму родив бебе – вели Кети.

останати вести