Играл 8 години за Ливерпул, сега чисти тоалети, точи пиво и тетовира луѓе

by Тони Зографски

Поранешната ѕвезда на англиски Ливерпул, Данецот Даниел Агер, кој мина осум години на „Енфилд роуд“ после пензионирањето разви низа бизниси во татковината, а една од нив, е број еден во Данска.

Агер кој заработи добри пари од фудбалот, а во Ливерпул играше од 2008 до 2014 година и запиша 232 меча за „црвените“, инвестирал пола милион евра во фирмата за чистење на тоалети и сега ја работат заедно со својот брат Марк, па „Кло Агер“ стана една од водечките компании во Данска во овој бизнис.

Покрај тоа, Агер веќе отворил големо студио за тетовирање, а бидејќи е голем љубител на тетоважите и сам е уметник и работи најразлични тетоважи на телата на луѓето што соаѓаат во неговиот салон.

Плус, има два паба во Копенхаген, па во слободно време и таму „виси“ и многу често се фаќа за работа, па точи пиво на шанк.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com