Црногорската правничка Ивана Малиќ објави прва заедничка слика со глумецот Милош Биковиќ и потврди дека веќе некое време се во врска.
Српските медиуми претходно пишуваа дека Ивана има 25 години и дека со Милош е неколку месеци во врска.
Според многумина, најзгодниот српски актер првпат се појавил во јавност со Ивана на премиерата на филмот „Јужен ветер: Забрзување“ во Белград.
Ивана и Милош досега немаат објавено заеднички фотографии. Следбениците во коментарите им порачаа дека се прекрасен пар.
Инаку, Биковиќ летово се најде во скандал откако неговите поранешни девојки, руската танчерка Арина Волошина и манекенката Барбара Таталовиќ јавно проговорија за врската со него.
Милош се огласи на Инстаграм по повод тоа.
“Пред сè, сакам да го задржам достоинството и почитта дури и кога се кажуваат невистини за мене. Секој има право да го користи јавниот простор како што му одговара – некој ја споделува својата интимност, некој своите професионални достигнувања. Тоа е прашање на личен избор, но исто така личен вкус. Како што има причина зошто приватниот живот се нарекува приватен живот, има и причина зошто поранешните љубови се токму такви – поранешни“, напиша тогаш тој.