Од недела, 19 декември, секој што сака да влезе во Грција ќе мора да има негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа, соопшти денеска тамошното Министерството за здравство.
Како што објави весникот „Катимерини“, во прв момент беше соопштено дека мерката ќе се однесува само на посетителите од Велика Британија и Данска, но министерството за здравство кажа дека ќе важи за сите земји, вклучувајќи ги и оние од Европска Унија.
„Оваа одлука е дел од напорите на владата да ја стави пандемијата под контрола додека се појавуваат грижи околу новиот сој омикрон“, соопшти министерството за здравство.