Луција Јаворчекова (28) од Словачка е поранешна професионална велосипедистка и една од најпопуларните спортистки во Словачка, но пред три години решила да се префрли на манекенството.
Оваа вест се прошири низ светот пред три години, а главната причина беше тоа што медиумите пишуваа дека има мали приходи во женскиот спорт.
Според „Сан“, атрактивната Луција веќе некое време гради успешна кариера, а веќе има работено и едиторијали за престижни списанија ширум светот.
Интересен е и нејзиниот профил на Инстаграм – имено, манекенката редовно објавува провокативни фотографии и многумина веруваат дека нејзиниот изглед го одзема здивот.
Таа во последно време ужива во тропските предели и често ги радува фановите на Инстаграм со фотографии кои го одземаат здивот.
-За вас сум кучка, но за себе сум отворена, искрена, полна со љубов и би направила се за било кој. Значи, ако тоа ме прави кучка, тогаш ја сум најдобрата кучка која некогаш ќе ја запознаете – напиша Луција под една од своите фотки на Инстаграм.