Пејачката Били Ајлиш опишала како претрпела кошмари откако била изложена на „навредлива“ порнографија од 11-годишна возраст.Ајлиш наполни 20 години во саботата и зборуваше на шоуто Хауард Стерн на радиото „Sirius XM“.
„Мислам дека порнографијата е срамота. Порано гледав многу порно, да бидам искрена. Почнав да ја гледам кога имав околу 11 години“, рекла пејачката и додала дека тоа и помогнало да се чувствува како „една од фаците“.
„Мислам дека навистина ми го уништи мозокот и се чувствувам неверојатно уништено што бев изложена на толку многу порно“, додаде таа, велејќи дека страда од кошмари бидејќи некои од содржините што ги гледала биле „толку насилни“.
Во баладата „Male Fantasy“ на нејзиниот втор албум „Happier Than Ever“, таа пее за тоа што е сама дома и привлекува внимание гледајќи порнографија додека се сеќава на прекинатата врска.
Ајлиш рече дека сега е лута на себе затоа што мислела дека е во ред да се гледа толку многу порно.
„Првите неколку пати кога имав секс, знаете, не реков „не“ на работи кои не беа добри. Тоа беше затоа што мислев дека тоа е она што треба да ми се допаѓа“, рече таа.
Ајлиш, која ја започна својата кариера носејќи широка облека за, како што откри, да ги спречи луѓето да коментираат за нејзиното тело, на 18 години стана најмладата личност во историјата што ги освоила сите четири големи „Греми“ награди истата година, земајќи статуетки за нов изведувач, албум, плоча и песна за 2020 година.
Пејачката изјавила дека славата и го отежнувала излегувањето со момци.
„Навистина е тешко да запознаеш луѓе кога луѓето или се плашат од тебе или мислат дека си надвор од нивната лига“, изјави Ајлиш за Стерн.