Милиони обожаватели на серијата Сексот и градот се разочарани што Саманта Џонс ја нема во новата серија.
Ким Катрал, како што одамна е познато, одби да учествува во продолжението и не крие дека е во лоши односи со Сара Џесика Паркер и останатите од продукцијата. Нејзиниот Инстаграм профил деновиве е преплавен од љубителите на серијата со најразлични коментари. Многумина се очајни што таа повеќе не е во тимот, додека други веруваат дека ја донела вистинската одлука бидејќи, според нив, новата серија е многу лоша.
Катрал не се огласила за новата серија, иако и се допаднале неколку објави на Твитер кои ја поддржале.
Актерката, пак, контактирала со обожавателите на Инстаграм. Последните денови таму објавува фотографии од Италија. Судејќи по фотографиите, таа е одлично расположена и зафатена.