Познатата оскаровка за главна улога во филмот на Педро Алмодовар „Кика“, Вероника Форке, пронајдена е мртва во својот дом, откако си го одзела животот – соопшти шпанската полиција.
Форке, која на 1. декември наполни 66. години, беше една од најпопуларните актерки во Шпанија во 1980-тите и 1990-тите, кога се појави во многу комедии.
„Таа изврши самоубиство во својата куќа“, изјавил портпаролот на полицијата за AFP без да даде детали.
Вероника Форке публиката ја запозна во улогата како „Кика“, во 1993та. Овој филм на Педро Алмодовар ја закити со награда за најдобра актерка во 1994 година на Гоја наградите, едни од најреномираните во Шпанија. Освен во овој филм, таа играше и во „Матадор“ и „Што направив за да го заслужам ова“, и двата режирани од Алмодовар.
На твитер познатите и нејзините пријатели, но и многу фанови напишаа тажни посвети, а еден од нив е и познатиот актер Антонио Бандерас.
Тој напиша на својот профил:
„Збогум Вероника Форке…. Работев со неа пред многу години и во моето сеќавање таа е слатка, духовна жена и прекрасна пријателка“.