Мишо Ковач (80) се заразил со Ковид-19, објави „Слободна Далмација“. Освен Мишо, позитивни биле и неговата сопруга Лидија и ќерката Ивана.
Поради инфекцијата, пејачот пред неколку дена бил пренесен и во болница каде што добил кислород и здравјето му се подобрило. Од извори блиски на пејачот, весникот дознава дека Мишо е пуштен на домашна нега.
Инаку, Мишо Ковач неодамна беше хоспитализиран на Одделот за пулмологија на Клиничкиот болнички центар Сплит, а лекарите се сомневале на пневмонија. На крајот се испоставило дека нема пневмонија, па музичарот по антибиотска терапија бил пуштен дома.
По излегувањето од болница, Мишо се чувствувал добро.