На вториот дел од Боемската улица во скопско Дебар Маало поставени се 50 високи жардиниери – објави порталот СДК.
Како што изјавил градоначалникот Горан Герасимовски, жардиниерите се поставени за решавање на проблемот со паркирани коли секој ден долж улицата.
„Жардиниерите ќе ги заменат досегашните ниско-подни бетонски топки. Воведуваме ред во сообраќајот на Боемска улица на сметка на зголемување на безбедноста на движењето на пешаците“, изјавил за СДК, Герасимовски.
Дополнително, во жардиниерите се засадени и 50 садници од ниско урбано зеленило.