Македонија веќе трета година по ред нема да има своја претставничка на изборот за “Мис на светот 2018“ кој утревечер ќе се одржи на островот Санија во Кина. Ќе учествуваат 118 убавици, а главна фаворитка за престижната титула е мисицата од Шпанија, Анхела Понче.
Интересно е што Понче е трансексуалка и таа е првата трансродна личност која ќе се натпреварува на изборот “Мис на светот“. Таа е родена како маж во Севиља, а веќе еднаш се натпреварувала за избор на „Мис на Шпанија“. Меѓутоа, пред пет години во Шпанија забрането е да се натпреваруваат трансродни личности.
„Мојата цел е да бидам говорник за почитување на различностите, не само за LBGTQ заедницата туку за целиот свет“ вели шпанската мисица.