“Легендите живеат засекогаш”, напиша Кристина Арнаудова за својот покоен татко, фолк-пејачот Гоце Арнаудов. Вчера се навршија точно седум години откако почина познатиот пејач. На 52 години, тој ја загуби неколкугодишната борба со ракот. Во неколку интервјуа, Арнаудов раскажа дека се лекувал со алтернативна медицина за која веруваше дека ќе му помогне. Неговата ќерка Кристина, иако долги години не беа во добри односи, често изјавуваше дека татко и е најдобар пејач во својата бранша.
Кога почина, Кристина рече дека жали што никогаш не го снимиле дуетот за кој долго се договарале. Таа е во блиска комуникација со нејзината сестра Харита, која се омажи и стана мајка. Оскар е синот на Гоце кој никогаш не се експонираше во јавноста.