Фолк пејачката Благица Павловска наполни 63 години. Пејачката сподели фотографии од роденденската атмосфера и се пофали со подароците што ги добила. Повеќето од нив беа торти покриени со икони. Поточно, пет од роденденските торти на пејачката беа украсени со ликовите на дел од христијанските светци, Бог и Пресвета Богородица, а шестата торта беше украсена со виолетови рози и фотографија од пејачката. На една од тортите пишува Бог е љубов.
Меѓу гостите на прославата за нејзиниот роденден, беше и нејзината добра пријателка, водителката Лила Филиповска.
Инаку, Благица Павловска своевремено беше Хаџипавловска, но подоцна го врати презимето во Павловска. Пејачката често говори за нејзината верба во Бога.
„Можеби за некого е смешно, ама јас разговарам со Бог“, изјави таа во едно од своите интервјуа.