На четвртиот ден од судењето на мадам Гилејн Максвел, која е обвинета за трговија со луѓе и злоупотреба на малолетници со покојниот Џефри Епштајн, сведочеше Хуан Алеси, кој 12 години беше шеф на послугата на милијардерот.
Тој под заклетва на судењето во Њујорк опишал како после масажите на Џефри Епстајн од собата отстранувал секс играчки и вибратори, кои биле користени во неговата вила во Палм Бич на Флорида.
Рака која вибрира
Задачата на Алеси била да ги чисти собите по сесиите за масажа кои Епштајн и Максвел ги организирале понекогаш три пати на ден, а најчесто во бањата и спалната соба.
Според Дејли Мејл, тој бил шеф на послугата во вилата на милијардер педофил од 1990 година до декември 2002 година.
На прашањето на обвинителството дали по масажите пронаоѓал нешто необично, тој одговорил: “Имаше големи секс играчки во облик на пенис со две глави. Ставав ракавици, ги перев под силен млаз вода и ги враќав во собата на госпоѓа Максвел”.
Двојно торпедо
Обвинителството изјави дека Епштајн и Максвел големата секс играчка во облик на машки пенис со две глави го нарекле „двојно торпедо“.
„Моја задача беше да ја направам вилата да изгледа како хотел со пет ѕвезди секогаш кога ќе дојде Џефри Епштајн, како и да има банкнота од сто долари во секој негов автомобил“, рече тој.
Алеси додал дека имал и други обврски, како на пример подготвување појадок за Макс, куче од јоркширски териер во сопственост на Гилејн Максвел, во пет часот наутро.