Околу 200 птици паѓале „како дожд“ од небото во близина на болницата во Ферол во северозападна Шпанија, објавија локалните медиуми. Птиците паѓале на патот, врз автомобилите, па дури и на луѓето, но немало повредени.
“Тие летаа од дрвјата до амбулантата, полетаа неколку метри и потоа паднаа мртви на земја. Властите ги собраа мртвите птици и ги испратија на анализа. Сега ги чекаме резултатите”, вели за Билд Мапи Родригез, претседател на локалното здружение на граѓани.
Резултатите од прелиминарната анализа укажуваат дека причина за смртта на птиците може да биде струја. Имено, врапчињата летаат многу блиску едно до друго, а доколку некое од нив наиде на електричен кабел, лесно можеше да го пренесе струјниот удар на другите птици од групата, пишува Spanishnewstoday.
Но, за да се дознае точната причина за смртта на овие птици, треба да се почекаат официјалните резултати од анализата.