Шест купувачи и 25 вработени во ИКЕА мораа да ја поминат ноќта на кревети и софи во продавницата за мебел поради обилните снежни врнежи во Данска вчеравечер
Големите насипи на снег ги заробија клинетите и вработените во продавницата во Алборг, па тие не можеа да се вратат во своите домови и топли кревети.
Но, наместо да се обидуваат да се вратат низ снегот, на клиентите и на персоналот им беше дадена можност, која ретко се случува во животот, да преноќат една ноќ во салонот за мебел во продавницата.
– Спиевме на мебелот во нашиот изложбен салон на првиот кат, каде што имаме кревети, душеци и софи – изјави менаџерот Питер Елмроуз за данскиот весник „Екстра Бладет“.
Тој рече дека клиентите можеле да го изберат точниот кревет што размислувале да го купат и да го пробаат, а сите ја минале ноќта јадејќи и гледајќи телевизија. Тие велат дека поминале одлично и дека ноќта била забавна.