Софија Вергара (49) изгледа сензационално на прославата на американскиот Ден на благодарноста, а актерката на социјалните мрежи се пофали со фотографии и видеа од забавата на која присуствуваа членовите на нејзиното семејство.
На ѕвездата од ТВ серијата „Модерно семејство“ и` се придружија помладата сестра, музичарката Вероника (21) и внуката Клаудија (29). Веселото трио танцува пред огледалото, а на Софија подоцна во танцовите чекори и се придружила и нејзината баба.
Се чини дека на споменатата забава не присуствувал актерот Џо Манганиело (44) за кого заносната американско-колумбиска дива се омажи во 2015 година.
– Среќна шеста годишнина од бракот, љубов моја! Уште многу години заедно! Те сакам – напишала Софија на Инстаграм во вторникот.
Двојката се свршила на Божиќ за време на романтичен одмор на Хаваи во 2014 година, само шест месеци откако Вергара раскинала со Ник Лоеб. Тие се венчале во 2015 година во Палм Бич, Флорида. Заедно немаат деца, а Софија е мајка на 27-годишниот син Манол, кој го доби со поранешниот сопруг Џо Гонзалес.