Елијас Бекер, син на поранешниот германски тенисер Борис Бекер, неодамна откри дека родителите не морале никогаш да му кажат дека е згоден затоа што доволен му бил само поглед во огледало и тоа сам да го види.
Згодното 22-годишно момче ова го кажалo откако угледниот магазин „Tatler“ го прогласил за еден од најпосакуваните мажи во Велика Британија. Инаку, Елијас живее со своите родители во Лондон, а активно се занимава со моделинг.
„Мојот изглед не е нешто што сметав дека е единствено важно. Сепак, во пoследните пет години не ми беа потребни ничии комплименти за да знам како изгледам“, изјавило момчето.
Инаку, Борис во едно интервју минатата година раскажал дека сите негови тројца синови „барем еднаш неделно“ доживуваат расистички инцидентни.