Глумицата Кира Најтли и поголемиот дел од нејзиното семејство се заразени со коронавирус.
Кира ја потврдила веста за The Telegraph’s Stella додека го давала интервјуто, додавајќи дека само нејзиниот сопруг Џејмс Рајтон се фали дека нема никакви симптоми.
Кира и нејзините две ќерки Еди и Далила се во изолација во домот во Лондон, каде што се опоравуваат од болеста. Интервјуто го направила преку платформата Zoom и открила дека не се чувствува најдобро.
“Дали ќе ви пречи ако не ја вклучам камерата? Имам корона и се чувствувам прилично лошо”, му рекла Кира на новинарот.
Таа додала дека нејзиниот сопруг Џејмс се фали дека нема симптоми на болеста.
“Тој е многу среќен поради тоа. Убеден е дека тоа е затоа што тој е еден од оние луѓе кои се капат во ладна вода, а јас не го правам тоа”, рекла Кира.
Таа истакнала и дека била вакцинирана со двете дози, а нејзините ќерки сега се чувствуваат подобро. По закрепнувањето, таа се враќа на снимањето на Тивка ноќ, на кое работи од октомври 2020 година.