Доктор Горан Трајковски од Скопје објави дека е позитивен на ковид. Тој ја примил и бустер дозата, односно трета доза вакцина, но сепак откако следниот ден се почувствувал малаксано и правел тест, дознал дека е позитивен.
Од ризик фактори, д-р Горан откри дека има воспаление на тироидната жлезда односно Хашимото тироидитис, но со оглед на примените вакцини се надева на добар исход.
„Кој сака нека честита.
Доктор Горан за првпат денес позитивен за SARS-COV2 (PCR i брз тест).
Од ризик фактори имам автоимуна болест(Хашимото тироидитис).
Вчера се вакцинирав (3та доза), денес се осетив малаксано и брзиот тест кој го правиме секој ден на работа излезе позитивен. Потоа и PCR тестот.
Ќе видиме каков ќе биде текот на болеста, ќе ве известувам и се надевам на добар исход без последици“ – напиша тој споделувајќи фотографија од позитивниот тест и една од моментот кога примал вакцина.