Фронтменот на групата Ролингстонси, Мик Џегер (78) и поранешната балерина Мелани Хемрик (34), биле фотографирани како заедно уживаат на плажа во Мајами.
Инаку, парот се запознал во 2014 година само неколку денови пред тогашната девојка на Мик, Лорен Скот, да биде пронајдена мртва во станот.
Мик има осум деца во распон од 50, па до 4 години – тука се ќерката Карис (50) која ја добил со Марша Хант, потоа ќерката Џејд (49) од бракот со Бјанка Џегер, па ќерките Џорџија (29) и Лизи (37), како и синовите Џејмс (35) и Габриел (23) од бракот со Џери Хол.
Тука е и Лукас (22) кој го добил со Лучијана Морад, а последен во низата е синот Деваро кој го добил со Мелани. Покрај тоа, славниот пејач има и пет внуци.