Познатиот бренд Fashion Nova промовираше фустан кој беше дизајниран и сошиен така што девојката што го носеше изгледа како полугола. Имено, голем дел од фустанот е изработен од беж материјал, поради што изгледа како да се покриени само интимните делови од телото на девојката.
Она што исто така предизвика лавина од коментари е дека долната облека не може да се носи под фустанот, бидејќи ќе се гледа.
Набргу откако овој модел на фустан беше претставен на страницата на Инстаграм на овој бренд, следеа низа коментари. И додека некои дами возбудено пишуваа дека ова е совршениот фустан за нив и дека мора да го имаат, други сметаат дека е сосема несоодветен за какво било јавно појавување.
Некои жени и го дале името „гол фустан“ затоа што дава илузија дека жената е речиси гола.
Вкусовите се различни, некои сакаат предизвици и се подготвени да го истакнат својот сексапил со носење предизвикувачки модни креации, додека други се чувствуваат поудобно во некои од класичните модели.
Фустанот се продава по многу прифатлива цена, па секоја жена што сака може да има своја копија од овој фустан кој направи вистински хаос на социјалните мрежи.