Пријанка Чопра во 2000 година беше прогласена за најубавата жена на планетата, а од 2018 година во љубов е со 10 години помладиот Ник Џонас. Нивната љубов важеше за една од најскладните, па никој не беше изненаден од нивниот брак, но сега се шпекулира дека се развеле, а за сè е виновен потегот на актерката на социјалните мрежи.
Пријанка го отстранила презимето „Џонас“ од својот профил на социјалните мрежи што ги навело фановите да заклучат дека нивниот развод е во тек, особено поради тоа што Пријанка не дава никакво известување за таквиот потег.
Потоа, следел и потегот на Пријанка, коментирајќи ја фотографијата на Ник на Инстаграм. Некои овој потег ги разубедил, додека пак другите мислат дека парот навистина се разведува.
Инаку, парот е во врска од 2018 година, а Ник главната актерка ја запроси по само два месеци врска. Тие кон крајот на истата година се обврзаа на вечна љубов, а организирале дури три раскошни церемонии. Актерката од славниот пејач е постара 10 години.