Газменд Укали (27) од Кичево и неговата вереница 23 годишната Албина Белули од Тетово се едни од лицата што утрово загинале во несреќата што се случи кога автобус се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија и животот го загубија 46 лица.
Информацијата за Телма ја потврдил градоначалникот Дехари.
Газменд беше дел од кабинетот на градоначаликот на Кичево, Фатмир Дехари, а во петокот го славел својот 27-ми роденден со својата вереница во Истанбул.
Укали беше член и на Советот на млади на Општина Кичево во 2015 година.
Најмлади жртви во несреќата се четиригодишни близнаци кои биле заедно со родителите кои исто така ги загубија животите.