Глетката не се опишува, вели еден од првите пристигнати на местото на несреќата, Васко Пиргов е од подрачната управа на Перник.
Тој бил разбуден рано наутро и испратен на местото на настанот. Пред него беа само полицијата и противпожарната служба.
“Мислам дека возачот е виновен. Предна десна гума удрила во знак кој бил фрлен 45 метри. Соборил десетина столпчиња, така е скината и преднатаа гума. Оттука трагедијата станува неповратна. Има излевање на гориво, објасни Пиргов.
Пиргов раскажува дека пред час и половина автобусот бил застанат на бензиска пумпа на автопатот Струма. Запреле отишле во тоалет и според сведокот е исклучена веројатноста шоферот да заспал, бидејќи бензинската се наоѓа на 15 минути со автомобил до местото на несреќата.
“Патот е во перфектна состојба овде станува збор за заблуда на возачот. Неможело автобусот да се зализга. Автобусот се запалил од предниот дел. Во автобусот имало туби со нафта. Огнот тргнал од предниот дел на автобусот – вели Пиргов.
Според него, повеќето од жртвите најверојатно се задушиле.