Тамара Тодевска при крајот на овој месец треба да роди син, за кој изјави дека ќе се вика Дарен. Таа редовно на социјалните мрежи објавува свои фотографии пишувајќи интересни статуси за својата бременост.
“Ич не сум потечена,“, вели Тамара под новата фотографија која ја објави на Инстаграм.
Пејачката пред два месеци ја промовираше песната „Довидување таго“ за која изјави дека е посвтена на сопругот Алекандар и на ќерката Хана.
„Џамбазов ме знае како дишам и напиша песна која ја отсликува позитивата која ја живеам“, изјави Тамара за новиот хит.
Музиката ја напиша Роверт Билбилов. Џамабзов и Билбилов се автори на нејзиниот најголем хит „Тажна љубов, среќна песна“.